• ICF-CY-MedUse

    Практично работење со користење на алатките на ICF-CY во педијатријата

     

    Преглед на проектот

    ICF-CY-MedUse е Европски проект во рамките на Еразмус+ Стратешките партнерства. Од 01.09.2015 година до 30.08.2018 година, проектот ќе се фокусира на зголемување на познавањето и употребата на ICF-CY во социјалната педијатрија и интервенцијата во раното детство. 

    Дополнителни информации 

    Меѓународната класификација за функционалност, инвалидитет и здравје е класификација која ги опишува оштетувањата, ограничувањата, но воедно и олеснувањата/можностите на лицата со хендикеп, како заеднички јазик за професионалците во повеќе сектори (лекари, медицински сестри, терапевти, психолози, едкукатори).

    Цели

    ICF-CY-MedUse е во иста насока со политичките стратегии за подобрување на квалитетот на нивниот живот како и можноста за вработување преку пренос на постоечки иницијативи во употреблива „пракса“ низ  зајакнување на вештините преку учење од колегите на работното место (peer to peer, p2p) преточување на курикулумот (VIFF, DGSP) во онлајн алатки со цел да се допре до повеќе професионалци зголемување на резултатите од едукацијата преку сертифицирање на обучувачите преточување на постоечките интернет алатки во лесни клинички рутини (ниво 4 до 8)


    Резултати


    Преведувач на практиките од ICF-CY 

    Преведувач на практиките од ICF-CY е електронска  алатка за зголемување на употребата на ICF-CY во клиничката пракса. Неговите карактеристики вклучуваат „алатки за пребарување по содржина“ и опции за учење од останатите учесници 

     

    ICF-CY платформа за обука 

    ICF-CY платформа за обука е мултифункционална онлајн алатка имплементирана како сет од интегрирани бази на податоци кои треба да ги олеснат „споредливите“ стандардизирани активности за обука во рамките на социјалната педијатрија и Интервенцијата во рано детство (Early Childhood Intervention)

     

    ICF-CY онлајн пасош за обука 

    ICF-CY онлајн пасош за обука е онлајн алатка која овозможува создавање на индивидуални пасоши за обука за професионалците како и стандардизирани ICF-CY сертификати за обучувачи базирани врз онлајн оценувањето/сертифицирањето на индивидуалното портфолио за обуката.