• Заеднички јазик за првите 1000 дена

    Почеток: 01-11-2019

    Крај: 30-06-2021

    Програма: Еразмус+

    Клучна акција: Соработка за иновации и размена на добри практики

    Вид на акција: Стратешки партнерства за стручно образование и обука

     

    „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ е проект во рамките на Клучната акција 2 на програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Овој проект ја третира проблематиката на користењето на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), создадена од Светската здравствена организација, како алатка за подобрување на комуникацијата помеѓу различните стручни лица вклучени во првите 1000 дена од животот на детето и промовирање на раната детекција на попреченостите. Врз основа на тоа, целта на проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ е да го зголеми нивото на знаење и да ги подобри вештините на стручните лица од повеќе дисциплини вклучени во овој ран период од животот на децата, и тоа преку:

    а) Адаптација на постоечки материјали за обука за МКФ кон потребите на стручните лица кои работат со децата во првите 1000 дена од нивниот живот, како и со нивните семејства.

    б) Зголемување на квалитетот на процесите за соработка преку вклучување на заеднички јазик и придржување до тековните социо-политички процеси.

    Основа

    Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), создадена од страна на Светската здравствена организација (СЗО) во 2001 година, претставува систем за опишување на способностите и ограничувањата на едно лице со здравствен проблем. Како дел од семејството на класификации на СЗО, МКФ нуди нов пристап кон човекот и неговата здравствена состојба насочен кон способност. Врз основа на приближно 1.400 кодови, оваа класификација дава една холистичка слика за раните здравствени и образовни процеси на децата со пречки во развојот. МКФ помага да се зголеми квалитетот на процесите на образованието и негата во раното детство (ECEC) во рамките на глобалните стратегии за „нега и грижа“ – обединувајќи ги здравјето, исхраната, раното учење, емпатијата на родители и безбедноста. Другите системи (МКБ 10) се фокусираат на индивидуалните дефицити и имаат тенденција да се потпираат врз медицинското разбирање на попреченоста. МКФ како светски признат мета-јазик ја обезбедува оваа неопходна заедничка основа за комуникација помеѓу различните сектори - образованието (јаслите), здравството и другите инволвирани стручни лица и го зголемува квалитетот на услугите за рана поддршка со оглед на тоа дека сите вклучени групи во рамките на еден тим (вклучувајќи ги и родителите) користат една терминологија. Ова учество на сите вклучени стручни лица ја зголемува посветеноста и учеството во рамките на процесите за поддршка за децата со пречки во развојот. Претходните ЕУ-проекти кои се темелеа на МКФ се фокусираа на подигањето на свеста и на создавањето на модули за обука за стручните лица вклучени во предучилишната возраст (www.icf-training.eu) и за стручните лица вклучени во медицинската нега (www.icfcy-meduse.eu).

     

    Интелектуални трудови

    Проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ предвидува изработка на два главни интелектуални продукта:

    ИП 1 – Првиот интелектуален продукт на проектот претставува збир на модули за обука за Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), адаптирани посебно за потребите на медицинските сестри, стручните лица за пружање на рана поддршка и за стручните лица во градинките кои работат со бебиња и мали деца, а врз основа на постоечки материјали. Ќе бидат земени предвид спецификите поврзани со возраста на децата, врската помеѓу здравјето, воспитувањето, односно родителската сензитивност, и социјалниот аспект, особено во ситуациите кога во овие рани фази на развојот не е поставена дијагноза. Модулите ќе бидат изработени на македонски, германски, турски и англиски јазик. 

    ИП 2 – Вториот интелектуален продукт на проектот е „Кус водич низ МКФ“ за стручните лица (во однос на избраните важни кодови), со цел сите релевантни стручни лица да се запознаат со МКФ и да можат да ја користат во секојдневниот живот. Водичот треба да придонесе до поголемо разбирање помеѓу стручните лица и родителите во процесите за поддршка на малите деца со потешкотии во развојот. Водичот ќе биде изработен на македонски, германски, турски и англиски јазик. 

    За повеќе информации во однос на интелектуалните трудови, посетете го делот со наслов “Продукти“ на оваа веб-страница.

     

    Партнери во проектот

     

    my picture"Образование за Сите"- Скопје

    my pictureЗдружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија

    my pictureMedical School Hamburg (Research Institute in DE)

    my pictureDr. Pretis (SME in AT)

    my pictureDr. Dudu Melek Sabuncuoglu (SME in TR)


    Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија. Оваа публикација ги одразува само ставовите на авторите и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба што може да биде направена од информациите што се содржат во истата.